Извршниот директор на германската авиокомпанија “Луфтханза” смета дека ќе помине долго време пред да бидат утврдени настаните кои доведоа до разбивањето на авионот А-320 на “Germanwings” минатата недела, пренесува Ројтерс.

DIR

“Дознаваме по нешто секој ден за причините за инцидентот”, изјави Карстен Тотенхем блиску до местото на несреќата. “Ќе треба доста време за сите нас, за да разбереме што се случило”.

Тој одби да зборува за тоа што знаела “Луфтханза” за менталното здравје на вториот пилот Андреас Лубиц, за кого иследниците сугерираат дека намерно го урнал авионот . Шефовите на “Луфтханза” и на нискотарифниот нејзин партнер “Germanwings” пристигнаа на местото на несреќата во Француските Алпи. Карстен Тотенхем и Томас Винкелман слетаа со хеликоптер во Сен-лез-Алп, близу до клисурата каде А320 се урна на 24 март.

DIR 2

Вчера “Луфтханза” призна дека Лубиц го информирал училиштето за пилоти за преживеаниот “период на тешка депресија”, откако ги прекинал студиите. Компанијата објасни дека сепак потоа Лубиц ги поминал сите потребни медицински прегледи.

Слични содржини