Претседателот на Комисијата за проценки на штети, Лазар Соколов денеска соопшти дека според првичните проценки, штетите од поплавите во штипскиот регион се над 45 милиони денари.

Најголеми штети пријавила општина Штип и комуналното претпријатие Исар. Според проценката за оштетените мостови, патишта, водоводи, колектор и други инфраструктурни објекти, штетите се околу 39 милиони денари, а останатите шест милиони денари се штети на жителите од Лакавичкиот регион и фирмите.

– Жителите од Лакавичкиот регион пријавија штети на нивните имоти, куќи, земјоделските површини засадени со житни култури, а имаат исто така и угинати животни, истакна Соколов.

Тој додаде дека имаат добиено над 150 барања од страна на жителите на Лакавичкиот регион и на фирмите. Најмногу штети се пријавени на земјоделските површини. /МИА

Слични содржини