Сити без Агуеро против Јувентус

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Напаѓачот на Манчестер Сити Серхио Агуеро ќе го пропушти стартот на Лигата на шампионите против Јувентус, поради повреда на коленото, изјави денеска менаџерот на премиерлигашот Мануел Пелегрини.1818_sergio_aguero

Аргентинскиот голгетер се повреди во саботата против Кристал Палас во 24. минута по што мораше да ја напушти играта.

Натпреварот против Кристал Палас го пропуштија и Давид Силва и Рахим Стерлинг поради проблеми со скочниот зглоб или бутниот мускул, но Пелегрини најави нивно учество на следните натпревари.

Пелегрини исто така, очекува Самир Насри и Фернандињо да му бидат на располагање за средбата со италијанскиот шампион.

– Двајцата се 100 отсто закрепнати од повредите и се надевам дека ќе бидат подготвени за утрешниот дуел, изјави Пелегрини.

Манчестер Сити и Јувентус се во групата Д заедно со Борусија Менхенгладбах и Севиља.

Слични содржини