„Бетон“ и „Ексико“ беа едни од компаниите кои добија тендери и десетици милиони евра за време на изградбата на Скопје 2014 Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во вторник, 26.07.2016, е повикан во Специјалното јавно обвинителство, соопштуваат од општината.

skopje2014_wide

„Жерновски ќе даде исказ во врска со проектите во ДУП „Мал Ринг“. Се работи за централното градско подрачје, каде што се сместени спомениците и објектите од владиниот проект “Скопје 2014“, се вели во соопштението на општина Центар.

Тие потсетуваат дека по преземањето на функцијата градоначалник на општина Ценар од страна на Жерновски, беа нарачани ревизорски изветштаи за проектот Скопје 2014 коишто констатирале низа неправилности и прекршувања на законите.-Жерновски

Ревизорските извештаи општина Центар во 2013 година ги достави и во Јавното обвинителство.

„Јавното обвинителство молчи за овој предмет и не го процесуира, со што се спречува започнувањето на правната разврска. Градоначалникот Жерновски се надева дека со формирањето и работата на СЈО, конечно ќе се расчисти со криминалниот проект „Скопје 2014“, велат од општината.

 

Слични содржини