Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска со нова телеграма ги информирал вработените во МВР на што се однесува неговиот вчерашен допис со кој престанаа да важат овластувањата од поранешните министри за раководните лица во Министерството.

– Во врска со телеграмата бр.131-60 од 12.11.2015 година, со која престануваат да важат овластувањата од министрите за внатрешни работи кои раководеле со Министерството за внатрешни работи до денот на донесување на наведената Одлука за избор на членови на Владата на Република Македонија, информирам дека истата се однесува на сите пренесени овластувања, освен овластувањата за донесување решенија, други управни акти и документи во управни работи, овластувањата за прием и заведување на актите во деловник и уписник и овластувањата за ракување со печати и штембили, кои ќе важат до донесување на нови решенија за пренесување на предметните овластуања, се вели во телеграмата што ја објавуваат медиумите.

nova-telegramajpguk67i765555

Телеграмата е упатена до раководителите на сите организациски единици во седиштето на Министерството, Бирото за јавна безбедност, централните полициски служби, сите сектори за внатрешни работи, Управата за безбедност и контраразузнавање и сите сектори во Управата за безбедност и контраразузнавање на територијата на Република Македонија.

Иако во некои медиуми се тврдеше дека со првата телеграма на Спасовски била загрозена безбедноста на државата, професорот по безбедносен систем Стојан Славески во изјава за РСЕ вели дека по одлуката не можело да се заклучи дека е загрозена сигурноста во државата.

„Тие се некои редовни задачи кои надлежните треба да ги спроведуваат во своите секојдневни функционални должности. Конкретно не се посочени кои се тие овластувања за да ние можеме да анализираме на што се однесува, но според мене тоа се однесува само на дел од тие овластувања што не се дел од нивните секојдневни задачи и обврски, туку нешто повеќе од тоа“, вели Славески.

Слични содржини