По вечерашните тензии меѓу двете групи протестанти, оние од функционерите на ДУИ  кои го запоседнаа местото за темелите на крстот на Тодор Петров, на чело со градоначалникот Меџити,  и тие од ВМРО ДПМНЕ на чело со градоначалникот Латиновски, тензиите спласнуваатbutel_protesti_noke

Полицијата  ги спречи контрапротестантите од ВМРО ДПМНЕ и нивни симпатизери од Бутел  да се судрат со протестантите на ДУИ. Во еден момент полицијата беше каменувана ,при што се погодени тројца полицајци  од кои двајца биле префрлени во ургентен центар , а на еде од нив му била укажана помош на самото место .контрапротестантие освен што каменувале закачиле и дрвен крст на бандера, колку за показ дека не се откажуваат .

Во доцните вечерни часови од ДУИ е проследена информација , од градоначалникот Изет Меџити, дека тие во текот на нота ќе се повлечат од местото за да овозможат граѓаните утре да можат да одадат почит кон мртвите за верскиот празник задушница.Тие понатаму овој проблем ќе го претстават пред институциите и ќе бараат решение согласно Охридскиот рамковен договор

Полицијата, иако беше каменувана,  освен со потиснување не употреби сила и ја држеше ситуацијата под целосна контрола и не дозволи да се случи  инцидент , ниту спојување на двете групи.

Слични содржини