МОН доби 24 часа ултиматум од скопските средношколци да се изјасни дали ќе го поништи договорот математиката да биде составен дел од полагањето матура на државниот испит.
Ако тоа не го стори, тие најавија дека од петок ќе уследи заострување на протестите и можен бојкот на наставата.
Огромен број на средношколци од различни средни училишта, најпрво се собраа пред Собранието на Република Македонија, а потоа се упатија кон Владата.
Ова е вториот марш против лошите реформи со транспаренти „Последна опомена“, „Нашето образование не е првоаприлска шега“ и „Стоп за лошите реформи“.
Пред почетокот на маршот, претставници на Средношколскиот пленум го прочитаа етичкиот кодекс во кој се забранува користење на било какви партиски етикети и ширење на говор на омраза.