Стоилов претпазлив пред натпреварот со Мешков

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Македонскиот ракометен шампион Вардар се наоѓа во серија од седум победи по ред и како фаворит го дочекува претстојниот дуел од Лигата на шампионите со Мешков Брест. Сепак, капитенот Стојанче Стоилов претпазлив пред средбата со белорускиот првак.

maxresdefault

– Се наоѓаме во добра позиција, играме добро, атрактивно, и се оди како што треба. Но, не треба да летаме во облаци, треба да бидеме мирни и приземјени и да го дочекаме Мешков со мирна глава. За првиот меч со нив во СЕХА лигата да докажеме дека беше лош ден. Очекувам да имаме полна сала и дека ќе се вратат навивачите за првиот меч во Лигата на шампионите, вели Стоилов.

Тренерот Раул Гонзалез е горд на своите играчи за успесите лани и претходната сезона, но сега има поинаква екипа која игра побрзо, но сепак е потребна целосна концентрација за натпреварите.

– Лани имавме друга екипа. Сега имаме други играчи. Треба да играш како можеш, а не како сакаш. Сакам да ротирам, да играм со повеќе ракометари. Имаме нови играчи, не треба да тренираме многу, сите играат и одбрана и напад. Играме побрзо, но треба да се фокусираме на секој натпревар. Некогаш играш брзо, но не и добро. Јас бев горд како игравме лани и преклани со други играчи, и сега треба да докажеме дека можеме да направиме нешто добро, вели Гонзалез.

Тој очекува да продолжи добрата форма на тимот.

– Сега играме добро и сите уживаат кога ја гледаат нашата екипа. Игравме двапати против Мешков, во август и во СЕХА лигата. Имавме реми, но игравме многу потешко затоа што тие имаат добри играчи, умни, кои знаат да го користат контра-нападот. Ако сакаме да победиме мораме да се фокусираме 100 отсто, мора да се победува во ЛШ ако сакаш да постигнеш добар резултат, додаде шпанскиот стратег.

Натпреварот Вардар – Мешков ќе се одигра в сабота во СЦ „Јане Сандански” од 17:30 часот.

Слични содржини