Вториот пилот на летот 9525 на Germanwings Андреас Лубиц, за кој се тврди дека намерно предизвикал несреќата на авионот “Ербас А320” на 24 март, правел истражување на интернет на методи за самоубиство и на системите за заклучување на пилотската кабина. Тоа го најавија германски обвинители, кои учествувале во претресот на домот на Лубиц во Дизелдорф, соопштува АП.

20150402.xjwmdpvhox

Тие откриле таблет во станот на Лубиц и успеале да повратат  дел од податоците во него за периодот 16-23 март. “Историјата на посети покажува дека пилотот се информирал за начините за самоубиство, како и за вратите на пилотската кабина и мерките за безбедност “, се вели во соопштението на обвинителството во Дизелдорф. “Од една страна тој е заинтересиран од методи за лекување и, од друга страна, за начини за самоубиство. Покрај тоа, барем еден ден порано Лубиц барал по клучни зборови за врати на пилотската кабина и мерките за нивната безбедност “, рече портпаролот на обвинителството Ралф Херенбруек. Според обвинението, личната кореспонденција и преваруваните  од него нешта на интернет од таблетот, чија историја на сурфање не била претходно бришена ” го одржуваат заклучок дека машината (таблетот) е користена од вториот пилот Лубиц во истиот тој период”

Слични содржини