Пратеникот и лидер на ДС Павле Трајанов денеска јавно ја повика специјалната обвинителка Јанева јавно да каже со какви притисоци и проблеми се соочува обвинителството со кое раководи. За локално.мк Трајанов вели дека, по разрешувањето на двајца обвинители и деградирачката медиумска кампања против неа околу изготвувањето на некаков записник за примопредавање на мтеријалите од СДСМ, Јанева треба да каже со што се соочува за да се дознае кој и стои на патот на вистината.

pavle-trajanov-banskoliev1
“Вчера Претседателот на Советот на јавни обвинители појасни дека засега не размислуваат да побараат одговорност од Јанева за промена на бројноста на нејзиниот тим , што беше услов да почне да работи. Самостојноста на Катица ја гарантира параламентот, но пристисоци сепак не се исклучени. Заканот за СЈО до крај не го регулира прашањето за одговорност. Во членот десет пишува дека одговорноста на обвиниотелите ја утврдува шефицата на специјалното обвинителство. Доколку се постапува по овој закон, а бидејќи обвинителите ги изгласа советот на јавни обвинители, Јанева треба да побара токму истиот Совет да ги разреши и евентуално да ги врати на старите работни места. Но доколку Јанева даде силни аргументи дека обвинителките несовесно работеле тогаш тие не може повеќе да бидат обвинители, предвидуваат законските решенија. ” – посочува Трајанов.
Според него медиумската кампања против Јанева дека не направила никаков Записник е само притисок врз неа со цел деградирање како на неа и обвинителите така и на институцијата која треба да ги истражи сите евентуални сторени криминали на власта, но и на поединци.

“Чудно е што Советот на јавните обвинители бара некаков записник за примопредавање бидејќи таа нема таква должост ниту со Законот за кривичната постапка ниту со Законот за СЈО. Како правници Обвинителите во Советот знаат дека целупното архивско и канцелариско работење на сите државни институции е регулирано со Уредбата на владата за архивско работење каде е јасно прецизирано дека секој документ или запис треба да се внесе во архивската книга. Никаде не стои дека треба да изготви Записник. Поради ваквите јавни проблематизирања Јанева треба да ја информира јавноста за да може неоптоварена од медиумски хајки да работи во истрагата”- вели Трајанов

Слични содржини