Во отсуство на потврдени информации за случувањата во Липковскиот регион, Демократски сојуз, предупредува на можно сценарио и обид за дестабилизација на државата и нарушување на меѓуетничките односи.
дс(1)
Демократски сојуз бара навремено и објективно да биде информирана јавноста, при што овој настан да не се користи за политичка конфронтација и медиумска манипулација на граѓаните.
Демократскиот сојуз верува дека нема елементи за меѓуетнички конфликт и нарушување на стабилноста на државата, пред се поради тоа што граѓаните се определени за мир и решавање на отворените проблеми преку дијалог.
Демократски сојуз инсистира службите за безбедност ефикасно да дејствуваат и да ја гарантираат безбедноста и територијалниот интегритет на државата.
Овој случај, доколку се потврди, укажува на пропусти на државните институции, поради што повикуваме на зголемена будност, како и одговорно и  државничко однесување.
Очекуваме Владата на Република Македонија за вкупната безбедносна состојба да го информира и Парламентот.

 

Слични содржини