Со Законот на органите на управата и Законот за министерство за внатрешни работи, министерот е тој што ги изречува сите мерки. Негово право е дали дел од тие негови овластувања ќе ги пренесе на други, или пак нема, вели поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов за НОВА, по одлуката на новиот министер Спасовски да ги одземе сите овластувања на раководителите во ресорното министерство.
Светски стандард е во таквите министерства на 3-4 години да се менуваат старешините итн. Таа служба е осетлива, само што ние имавме ситуација 8-9 години да се задржи еден министер и едни исти луѓе, што мислам дека се главни генератори на кризата. Ваквото менување нема да влијае на безбедноста, бидејќи професионалците, оперативците во МВР секако остануваат, вели Трајанов.
Повеќе ТУКА