Неколку стотини ученици од припепските средни училишта се собраа на камената бина во центарот на градот на протестот што го организира Средношколскиот пленум од Прилеп.
Потенцираа дека цврсто стојат на барањето за укинување на предметот Математика како задолжителен предмет од државната матура и враќање на стариот концепт на полагање на државна матура и промена на законот за екстерно тестирање.
Низ насобраните ученици се зборуваше и за притисоци од директорите на училиштата, кои им се заканувале на учениците и ги врбувале со уцени за да не излезат на највениот протест.
Од гимназија дојдовме прилично многу деца, ги чекаме да дојдат и другите од останатите средни училишта, хемиско и индустриско, и покрај тоа што имаме информации дека биле заклучувани во училиштата.
Учениците од трета и четврта година во гимназијата биле повикувани на разговор кај директорот на гимназијата, им се заканувал дека ќе биде лошо ако излезат на протести, и ги убедувал да не излезат на протестот, затоа што кога ќе полагале матура ќе им бидело дозволено да препишуваат – изјави Лилјана Ристеска ученичка во прилепската гимназија.
Фото: Канал 77