Умерена облачност студено и ветровито

од Vladimir Zorba
95 прегледи

 Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, долж Повардарјето ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, додека во западните делови умерен западен ветер.

studeno

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе искачи до 13 степени.

Ваквото време ќе се задржи и во наредните денови. Ќе преовладува стабилно и суво време со релативно високи измерени дневни температури коишто се очекува да бидат највисоки кон средината на неделата и да се движат помеѓу 12 и 18 степени.

Во четврток ќе има и услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

 

Слични содржини