Унгарската полиција позиционира вагон со бодликава жица на границата со Србија крај Руоске, за да се затвори пробив во оградата, пренесе агенција Асошиетед прес. Со падот на темнината полицајците поставија вагон по шините кои во последниве недели беа најпопуларната рута за мигрантите кои влегуваат во Унгарија пеш.
Товарен вагон го пополни отворот во четириметровиот ѕид.Властите сакаат овој дел од границата да биде блокирана со товарен вагон, за да може пругата лесно да се отвора за ретките поминувања на возови и потоа да се затвора. Во последните неколку недели Унгарија го поништи движењето по линијата поради континуираното присуство на стотици мигранти и користење на шините за да се движат во правец кон север. Мигрантите се уште можат да влезат во земјата во најблиската контролен пункт. Се чини дека властите се одлучиле оваа ноќ да помогнат на колку што е можно поголем број од нив да стигнат до Австрија, наместо да ги задржат во унгарски центри за регистрација, забележуваат агенциите.
Но во секој случај во Унгарија од полноќ стапи во сила законот со кој се предвидува контрола на границата и закана од затворска казна од три до пет години за илегално минување на границата. Со новата легислатива се предвидува по должината на границата со Србија да бидат воспоставени транзитни зони. Унгарија го затвори и воздушниот простор во длабочина од 20 километри од својата граница кон Србија, соопшти унгарското Министерство за транспорт. Ваквата мерка е воведена со цел да се овозможи безбедно користење на овој дел од унгарскиот воздушен простор при справувањето со бегалската криза.