Се чека решение од Кривичен за домашниот притвор на Талески . Тој го доби и неговиот адвокат  веќе го обжали ама до полицијата никако да стигне, за да почне та да извршува обезбедување на притвореникот Талескиtaleski-3

 

Битолската полиција се уште го чека решението од Кривичен суд кој изрече мерка домашен притвор за битолскиот градоначалник Владимир Талевски. Портпаролoт на СВР Битола, Сања Стаматова за Алсат објаснува  дека не добиле никакво известување за постапување, и затоа не делуваат по донесенето решение од скопска единица. Адвокатот на Талевски, Никола Додевски за разлика од битолската полиција го добил   Судот успеа да го најде битолскиот градоначалник Владимир Талески и официјално му го врачи решението за куќен притвор. Ваквата вест официјално за „Мета“ ја потврдуваат од Кривичниот суд од Скопје. Од судот велат дека адвокатот на Талески веќе поднесол жалба на решението. Не се знае каде бил Талески во изминатите два дена од изречувањето на мерката куќен притвор за случајот „Транспортер“.

лисици

Во Битола неофицијално се зборува дека Талески бил хоспитализиран поради проблеми со здравјето, други пак велат дека само што се опуштил од првичната одлука на судот за одземање на пасошот и веднаш заминал да се одмара покрај брегот на едно од нашите езера, заедно со своето семејство.

(ВИДЕО) Кирацовски: Груевски нека се помири со реалноста, Талески и сите како него ќе си го добијат заслуженото

Засега е неизвесно кој ќе го замени Талески, меѓу советниците се зборува дека можеби тоа ќе биде највозрасниот советник избран во Советот на Општина Битола, Стојан Кулевски од Демократскиот сојуз или можеби советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Златко Милошевски, кој беше поранешен градоначалник на Битола и во неколку мандати советник.
Инаку веста за домашен притвор за Талески, внесе немир меѓу дел од вработените во Општина Битола кои стравуваат дали овој месец ќе земат плата.

Во случајот „Транспортер“, Специјалното обвинителство бараше мерка притвор за градоначалникот на Битола. Кривичниот суд донесе одлука со која му го одзеде пасошот. По жалбата на СЈО одлуката на судот беше изменета-на Талевски му беше иречена мерка домашен притвор. Градоначалникот Талевски се товари дека ја оштетил државата за 360 илјади евра за превоз на ученици во средните и основни училишта во Битола. Заедно со него за истото дело осомничени се уште 22 лица за спроведување на незаконски тендери. Заедно сите се под соменение за злоупотреба на службена положба и проневера на пари. Во претходните барања на СЈО, судот прифати домашни притвори за две лица, меѓу кој беше и секретарот на општина Битола

Слични содржини