45 политички и невладини субјекти го најавија утрешниот сеалбански протест кој ќе се одржи во 17 часот, со почеток од Чаир во организација на Беса, пренесува А1он. Од Беса најавија дека утре марш ќе има 3 пораки: оставка на владата на Груевски и Ахмети, расветлување на сите албански вистини и барање на нов договор за Македонија.

besa

-Овој протест е ексклузивно албански бидејќи во кризата низ која поминава земјава не е слушнато само албанското мислење. Според нас, Албанците се отворени да дискутираат и за граѓанска држава и за деетнизација на државата, но пред се ние треба да се договориме да се затворат меѓуетничките прашања, рече Фердезе Сулејмани претседателка на Здруженито на жени-Беса од Куманово.

Слични содржини