Утрово минусни, попладне есенско сонце

од Vladimir Zorba
255 прегледи

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ  -3 Скопје-Петровец, Берово и Тетово, -2 Битола и Маврово, -1 Лазарополе, 0 К.Паланка, Прилеп, Струмица, Д.Капија, Дебар и Куманово, 1 Скопје-З.Рид, Охрид, Штип, Кавадарци, 2 Крушево, Претор, 4 Виница и Гевгелија и 8 во Дојран.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА   Сончево со мала локална облачност, а повеќе облачност има во југоисточните делови од земјава. По котлините има појава на слаба магла, а повеќе магла има во Тетово, со видливост околу 50м и во Д.Капија, каде видливоста е околу 200м.

4538026

ВРЕМЕТО ДЕНЕС  Претежно сончево со слаб јужен ветер. Претпладне по одделни котлини магливо, каде и дневната температура ќе биде најниска. Максималната температура ќе се движи од 10 до 17 степени.

Во Скопје, претпладне магливо, во текот на денот сончево. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

За време на викендот и во почетокот на следната недела ќе се задржи стабилно и суво време со релативно високи дневни температури. Поради слабо изразените воздушни струења по котлините и речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните часови, а во овие места се очекува и температурите да бидат најниски.

.

Слични содржини