Ракометарите на Вардар кои не успеаја по четврти пат во низа да се пласираат во финалето на регионалната СЕХА лига, ќе мора да се задоволат со настап во „мало финале„ односно дуелот за 3-место.

makskk
Вардарци попладнево ќе играат против хрватскиот шампион ППД Загреб за место, на завршниот турнир кој се одржува во унгарскиот град Веспрем.

Двете екипи кои обезбедија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампиони, сезонава во регионалната СЕХА конкуренција, одиграа два натпревари.

Загреб е една од трите екипи кои сезонава му нанесоа пораз на сеуште актуелниот СЕХА првак Вардар.

Во првиот натпревар одигран во септември минатата година во Скопје, црвено-црните славеа победа со три гола разлика (32:29). На втората средба во Загреб, одигран на почетокот на февруари, со загубија со идентична разлика (22:25).

Дуелот за 3.место во СЕХА лигата меѓу Вардар и ППД Загреб ќе започне од 15 часот и 30 минути, додека финалето во кое ќе играат домаќинот Веспрем и белоруската екипа Мешков Брест ќе стартува од 18 часот/МИА

Слични содржини