Во екот на предизборната кампања семејство Трамп го покажа суперлуксозниoт дом, копија на дворецот во Версај

Доналд Трамп  дефинитивно и неизбежно секојдневно е присутeн  во водечките наслови на секој американска медиум  . Британските изданија исто така не пропуштаат да трчаат по   скандалозните му изјави чија  цел  е изгзледа да го шокираат општеството, но и да ја  промовираат неговата фигура во претседателската трка во САД. Милионерот веќе води во четири држави меѓу републиканците, а медиумското внимание се насочува и кон жена му – Мелани Трамп, соопштува “Дејли Меил”.

mel1

Мелани е поранешен супермодел од Словенија, на 45 години, која се омажила за Доналд Трамп во 2005 година. Таа е господарка на неколку луксузни куќи во Америка и често е нарекувана “златоткршачка” не само поради личноста на Трамп, но и поради нивната возрасна разлика – 24 години.Самата таа ги отфрла овие тврдења и  ја брани својата љубов кон милионерот , тврдејќи дека тоа што најмногу ја привлекува кај него, е “големиот му ум” и начинот на размислување. Таа смета дека токму овој ум ќе им помогне на нејзиниот маж во трката за Белата куќа, во кој и самата таа сонува да живее. Поранешниот словенечки модел не се срами од изјавите на мажот, дури напротив –  го поддржува во  секој негов чекор. Таа вели дека често му дава совети кои тој и ги бара. Во моментов во САД со љубопитност се разгледуваат објавените фотографии од домот на семејството Трамп. Од нив, станува јасно дека Мелани е совршена господарка на едно од најгламурозните “семејни огништа” во САД.

Станува збор за огромен триплекс стан на последниот – 68-и кат на “Трамп Тауер” во Менхетн, дизајниран да потсетам за величественост на дворецот во Версај. Во него има Огледало сала, цели арки од мермер, со “акценти од 24-каратно злато и дијаманти” и рачно насликани тавани со мотиви од грчката митологија. Влегувањето во Белата куќа би бил неверојатно достигнување за жена која избегала пред 19 години од  поранешна Југославија. Амбициозната имигрантка која е г-ѓа Трамп број 3, може да стане првата родена во странство Прва дама на САД по Луиза Адамс – родена во Велика Британија сопруга на претседателот од 20-те години на 19-тиот век Џон Квинси Адамс.  Е  дали Мелани ќе стане следната Прва дама на САД треба да почекаме

Слични содржини