Триесет телефонски повици до Народниот правобранител за повреда на избирачкото право

од Nikola Popovski

Од канцеларијата на Народниот правобранител известија дека примиле 30 телефонски повици, а едно лице и лично се обратило до нив. Најголемиот дел од поплаките или десетина забележуваат зошто биле прашани дали сакаат да гласаат за претседателски или за парламентарни избори. Неколку лица се јавиле и од старечките домови се пожалиле дека не можеле да го остварат своето избирачко право. Поплаки има и од вработени во приватниот сектор кои денеска не биле ослободени од работните обврски.

Од канцеларијата на Народниот правобранител известуваат дека од 7 до 19 часот, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800-543-21 или лично во канцелариите во Скопје, Струмица, Кичево, Тетово, Битола, Штип и во Куманово.

До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки места. Од вкупно запишани 1.172.912 гласачи на овие избирачки места, гласале 395.576 односно 33.73%, соопшти Државната изборна комисија,

Според ДИК, најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Новаци, со 52.32%. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3.60%.

Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.39% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.84%.

Слични содржини