198
Партиите потписнички на договорот за решавање на политичката криза, работат за лични интереси и го сведоа Министерството за внатрешни работи на проценти со што ја загрозуваат безбедноста на државата, изјави претседателот на Народното движење за Македонија, Јанко Бачев. Според Бачев, јавноста не знае за џентлменски договор со кој партиите се согласиле од шестоте нови полициски службеници, 25 проценти да бидат вработени преку ДУИ и ДПА, а останатите преку СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со што, вели тој, МВР станува приватна фирма и партиски штаб поделен меѓу власта и опозицијата./извор 24Вести