Screenshot_28

 

Демонстрантите од „Шарената револуција“ продолжуваат со бојадисување на зградата на Собранието на Република Македонија. Тоа го прават четврт ден по ред, но сега се револтирани од законските измени кои денеска ги изгласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

Нивните пратеници предложија и изгласаа измена на Законот за помилување со што на претседателот на државата му се дава можност да изврши поништување на одредено помилување по барање на помилуваното лице или да ја повлече целосно аболицијата.

Инаку, мото на денешните протести на граѓаните е „Мафија на робија“.

Слични содржини