Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Никола Груевски денес оствари средба со потпретседателот на Европскиот парламент и потпретседател на Европската Народна Партија г-дин Антонио Тајани.
Двајцата соговорници дискутираа за исполнување на стратешките цели во насокa на исполнување на евроатланските интегративни процеси, актуелната политичка состојба и разгледување на можностите за интензивирана соработка.

Sredba Gruevski (1)
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Никола Груевски подвлече дека стратешка цел и врвен приоритет останува членството во Европската Унија и членството во НАТО.
Груевски го запозна соговорникот со актуелната политичка состојба при што истакна дека изборите на 24 април се потребни за излез од политичката криза, а воедно од врвен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ е тие да се фер и демократски. Тој истакна дека воспоставувањето на стабилна влада е потребна за продолжување на мерките и аткивностите кои се во насока на гарантирање на економскиот развој и подобар животен стандард.
Потретседателот на Европскиот парламент и потпретседател на Европската Народна Партија Антонио Тајани изрази поддршка на интеграциските процеси на државата, и членството на Македонија во Европската Унијa.
Тој изрази уверување за побрзо надминување на политичката криза преку реализација на избори во што е можно покус рок и добивање на стабилна влада која ќе продолжи со отпочнатите процеси, и соочи со глобалните предизвици поврзани со мигрантската криза.
Соговорниците изразија заложба за продолжување на соработката и во рамките на Европската Народна Партија која ја подржува ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини