protes

Граѓаните и вечерва се собраа пред Специјалното јавно обвинителство од каде почна 12-от по ред протест по одлуката на Иванов за аболиција на 56 политичарите.

Демонстрантите со свирчиња и звуци од вевезули во знак на поддршка на СЈО, како и со извици “Лопови, лопови” и повик за слобода маршираат низ улиците на Скопје. По денешната кривична пријава на еден о демонстрантите професор Здравко Савески од Левица, граѓаните носат беџови со написи „Слобода за Здравко“, На протестот од денеска се приклучуваат и членовите на Сојузот на броци на Македонија. На нивниот транспарент се забележуваат врзани македонското и албанското знаме. Меѓу присутните се и политичари од опозицијата.

Демонстрантите обединети под граѓанската палтформа #Протестирам бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага oд страна на Специјалното јавно обвинителство. Исто така, се бара оставка и од Иванов од функцијата претседател на Република Македонија./извор Мета

Слични содржини