Ќе отвори ли Специјалното јавно обвинителство истражна постапка за случајот поврзан со убиството на Мартин Нешковски, на пет годишнина од денот на трагичниот настан?

136431

Дел од медиумите пишуваат дека утре може да се очекува нов предмет од СЈО поврзан со смртта на Нешковски, посочува 24Вести.

Некои од порталите информираат дека како осомничени во овој предмет ќе се јават тројца политичари. Од СЈО, сепак, нема потврда за ваквите информации.

24 вести се обиде да го исконтактира портпаролот на обвинителството но до емитувањето на прилогот не добивме одговор. Од ова обвинителство досега излегоа со потврда дека работат на предистражна постапка, за која на распит неколкупати досега бил донесен специјалецот Игор Спаосов, осуден за убиството.

24 вести побара коментар од семејството на Нешковски, но оттаму не сакаа да зборуваат, велат дека случајот не треба да се политизира.

Инаку, утре се навршуваат пет години од убиството на 22-годишниот Мартин кој на 6-ти јуни 2011 година беше брутално претепан до смрт на плоштад Македонија во Скопје. Инцидентот се случи додека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ја славеше својата изборна победа од предвремените парламентарни избори.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини