Викендов снежно невреме во Скопје

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Снежни врнежи со температури длабоко под нулата најавуваат метеоролозите на популарниот веб сајт за временска прогноза Акуведер.
Тие издадоа предупредување за снежна бура над Скопје во периодот за викендот.

sneg_plostad

Од македонската УХМР најавуваат дека времето утре ќе биде променливо облачно, во југозападните и североисточните делови ќе има слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На запад ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено на планините. Минималните температури ќе се движат од 1 до 6, а максималната од 5 до 11 степени.

Во Скопје утре променливо облачно со услови за слаб краткотраен дожд. Ќе дува умерен западен ветер со температури од 4 до 9 степени.

За во четврток ќе има преодно стабилизирање. Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, а од сабота се очекува позначително заладување со северен ветер и врнежи од снег.

На подолг рок метеоролозите редвидуваат дека идната недела ќе биде навистина студена.

Слични содржини