Nake-mediumi-3

Средбата за избор на петтиот член вечерва продолжува откако по попладневниот неуспех се ангажираа високи дипломати од ЕУ и САД за да посредуваат во изнаоѓање решение, дознава Нова ТВ.

Во меѓувреме, во Брисел се одлучува дали постои потреба еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, да допатува во Скопје.

Партиите не можат да најдат консензус за петтиот член на ад-хок телото за следење на медиумското претставување.

Ноќеска на полноќ истекува рокот за избор на петтиот член и не се знае кога ќе се екипира ад-хок телото за контрола на медиумите во предизборната кампања.

Како што се дознава се избира меѓу   колумнистот, универзитетскиот професорна ЈИЕ и  член на комисијата за жалби на Советот за етика на медиумите Сефер Тахири,  и  колумнистот и член на комисјата за лустрација Даут Даути.

Слични содржини