Азески: Господ на помош на сите што ќе овозможат да се донесат нови пари

од Илинка Илиоска
2,5K прегледи

„Господ да е напомош на сите што ќе овозможат да се донесат нови пари во Македонија. Но тие пари мора да бидат употребени за продуктивни нешта. Тоа е ставот на Стопанската комора како најголема бизнис асоцијација. Значи, можат и може државата да се задолжува во наредниот период, но само за продуктивни цели. Овие искуства што ги имавме досега нè обврзуваат и зборуваат дека на тоа треба да се опстане“, рече првиот човек на Стопанската Комора, Бранко Азески коментирајќи ја вчерашната најава на лидерот на Мицкоски за поволен заем од една милијарда евра.

Азески потенцира дека државата може да се задолжува, но парите треба да се искористат продуктивно. Вчера Мицкоски најави и ревидирање на договорот со Бехтел и Енка. Во игра се две сценарија – првото да се раскине и да се платат стотици милиони евра оштета, без да имаме автопат, а втората –да се оптимизира договорот, за да се забрза и реализира проектот до 2027 година.

“Ако се работи за подобрување – ќе ја поддржиме ревзијата. Во спротивно – договорот треба да остане ваков како што е“, истакна Аески.

Азески, меѓу другото, информираше и дека „Бехтел и Енка“ се нови членки на Стопанската комора.

„Тие беа тука да се зачленат. Разговаравме. Во разговорот беше спомнато дека во пикот на активностите ќе им требаат 4 000 луѓе, ќе бидат ангажирани на сите четири делници на кои ќе работат. Во нашето соопштение тоа беше прецизно истакнато. Тоа значи дека имаат дел работници, дел треба да обезбедат. Имаат време кога ќе е пикот и мислам дека тоа е само една најава“, изјави Азески.

Инаку вреднста на четирите автопатски делници е процената на 1,3 милијрди евра.

Слични содржини