Темата не е дали ќе победеше ВМРО ДПМНЕ, туку темата е ако беше регуларно колку пратеници ќе имаше СДСМ и дали ќе можеше ВМРО ДПМНЕ  да формира влада , и дали ќе можеше да го има мнозинството и со таа тенка  победа ?

zaev24vesti-619x320

Повторно пуштено видео против Заев на јутуб, во стилот „протече“ видео од ПИМ мерките снимано во кабинетот на премиерот Никола Груевски . Целта е јасна и има  единствена цел-да покаже дека партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе победела, па дури и изборите да биле без нерегуларности.Оваа изјваа всушност и не е нова лидерот на Опозицијата ја кажува постојано јавно.  Овие снимки кои „протекуваат“ од време на време и за кои премиерот призна дека се направени со ПИ мерки, а за кои е задолжено Обвинителството, само ја потврдуваат тезата на опозицијата дека институциите се целосно под партиска капа и уште појасни ги прават снимките за ендеците, тргањето за уши и фаќањето за врат.

Во објавеното видео и нема нешто ново-Зоран Заев и по изборите јавно во емисијата Вин Вин кажа дека опозицијата ќе изгубела со околу 30.000 гласови.

– 400 илјади на 430 илјади за партијата на Груевски. Тоа е вистинскиот резултат. Не победа, зашто имаме свои слабости. Практично седум месеци ја водам партијата, правно формално единаесет, имав летен период пред мене, и знам што значи организациска поставеност на партијата. Ние до крај не го сработивме тој дел, и не бевме подготвени и затоа Грувески отиде на предвремени избори, рече Заев во емисијата Вин Вин на 24 Вести, по изборите во 2014-та година.

Оваа „протечена“ снимка доаѓа по објавените материјали од страна на СДСМ за бројни нерегуларности и злоупотреби на државниот апарат за штелување на изборите, без што, според опозицијата, во 2011-та година од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгубеле изборите, а во 2014-та немаше да имаат убедлива победа. Со тоа соодност во парламентот ќе беше сосема поинаков, а легитимноста на власта немаше како сега да се доведува во прашање. Заев недомна кажа дека при посетата на кабинетот на Груевски знаел дека ќе биде сниман.

Темата  на бројките и поразот, не е дали ќе победеше ВМРО ДПМНЕ, туку темата е ако беше регуларно колку пратеници ќе имаше СДСМ и дали ќе можеше ВМРО ДПМНЕ  да формира влада , и дали ќе можеше да го има мнозинството и со таа тенка  победа .

Доколку власта не ги штелува изборите со притисоци преку државните институции и ја има поддршката на гласачите која низ бројки ја прикажува како реална, нејасно е зошто не прифаќа следните избори да ги спроведе техничка влада?

Слични содржини