Алчноста на Заев, Вицето и Анѓушев нема крај. По нивнито доаѓање на власт се формираше “Омерта”, агенција за обезбедување, чие име во италијанската мафија подразбира завет за молчење, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Почнаа да се палат возила на сите сопственици на кафулиња кои имаат ангажирано некое друго обезбедување. После криминалните јуришници, според стратегијата на СДС следува злоупотребата на институциите за изнудување пари.
Доцна синоќа на удар беа локали во Прилеп и Битола кои немаат врски или не платиле некому од локалното раководство на СДС или директно кај Вицето. Кој им јави за инспекциите на оние на кои не им беа пишани казни? Колку наплаќаат Заев и Вице за едно такво јавување?“, велат од таму.
Минатиот викенд Заев и потпретседателот на СДС Оливер Спасовски, ги злоупотребуваа полициските специјалци за да ги заплашат сопствениците на одредени локали во Скопје и нивните гости. Направија штета и кај оние каде беше утврден некаков прекршок, но уште повеќе кај оние каде не успеале да инсценираат ништо. Нивните гости беа избркани и исплашени. Беше испратена порака кого треба да ангажираат за обезбедување и каде треба да завршуваат нивните приходи.