ВМРО-ДПМНЕ се врати на преговорите на работната група во која на дневен ред се реформите во медиумската сфера. Од оваа партија побараа од новинарските и медиумските здруженија и други невладини организации во наредните денови да достават свои предлози за реформи, јави Алсат М.

vmro_dpmne_logo-24185

За СДСМ предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е задоцнет.

Партиите ги продолжуваат преговорите за предлозите на посредникот Питер Ван Хоуте, за кои политичките партии се уште не го соопштиле конечниот став. Во првичните реакции најгласни против беа од ВМРО-ДПМНЕ, а од СДСМ велат дека ги чекаат деталните предлозите за да излезат со став. Партиите на Албанците соопштија дека ќе застанат зад секој предлог од меѓународната заедница со кој се поддржуваат слободни и демократски медиуми.

Слични содржини