Македонија останува една од најмалку задолжените земји во Европа според ЕУРОСТАТ. СДСМ има проблем кога земјата не е задолжена како во нивно време.

За СДСМ е несфатливо како е можно во Македонија постојано да се работи, да се реализираат проекти од инфраструктурата, земјоделието, образованието, здравството, да се вложуваат стотици и стотици милиони евра, притоа да се враќаат долговите кои СДСМ им ги остави на граѓаните како свој единствен реализиран проект – и на крај Македонија сепак да биде меѓу најмалку задолжените земји на континентот.

sdsm-vmro_logo

СДСМ не може да прифати дека во Македонија во изминативе години интензивно се гради. СДСМ има проблем кога Македонија оди напред.

Факт е дека се градат истовремено три автопати, се гради гасовод, се градат нови болници, училишта, градинки, се реновираат и ќе се градат нови студентски домови и универзитети. Се инвестира во опрема во здравството, се доделуваат стотици милиони евра субвенции во земјоделието, се инвестира во железницата. Се вложуваат пари во капитални проекти од кои бенефит имаат сите граѓани на Македонија.

Факт е и дека минатиот месец владата на ВМРО-ДПМНЕ ја отплати еврообврзницата на СДСМ вредна 150 милиони евра. На што ги потрошија во СДСМ овие пари?

Факт е дека од времето на СДСМ се останати уште 40 активни кредити кои оваа влада ги отплаќа и ќе ги отплаќа. Станува збор за 14 кредити од Светска банка, 12 кредити ИДА од Меѓународната асоцијација за развој, 3 кредити од ЕБРД, 2 кредити од Шпанија, 2 кредити од КфВ банка, кредит ИФАД од Меѓународниот фонд за земјоделие, кредит од Владата на САД, од ЕУ, од Јапонија, од ЕИБ, од Влада на Италија и од Кипар.

На што СДСМ ги потроши и овие пари?

Кои се капиталните инвестиции на СДСМ? Проектот „Задолжи ја Македонија без да инвестираш во ништо“? Столбовите за никогаш изградената пруга кон Бугарија? Јувелирницата за бисери на Владо Димов? Коњите, рејбанките и уметничките слики на Фрчковски? Кои се новите проекти и инвестиции на СДСМ? Фабриките за афери? Проектот „Евро за Вицето“?

СДСМ нема одговор на овие прашања, иако граѓаните го заслужуваат. Затоа граѓаните им одговараат на лагите и манипулациите на СДСМ веќе 9 изборни циклуси по ред.

Затоа СДСМ има уплав од соочување со судот на народот, но тоа ќе се случи на 24 април, без оглед на желбите на СДСМ. Им остануваат само уште 84 дена.

Слични содржини