– Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на  одлуките од синоќешната седница на Централниот одбор на СДСМ  оценува дека СДСМ продолжува да функционира според, како што наведува, нивното деструктивно мото „колку полошо за државата и народот, толку подобро за партијата”.-конференција-на-ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ, потенцира ВМРО-ДПМНЕ, е единствената опозиција која бега од избори и бегството од избори го прославува како победа. Толкав е стравот на Заев од соочување со граѓаните.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека Централниот одбор вчера потврдил дека „му честитал на единствениот аболиран политичар што ја продолжил кризата во државата со цел да не се соочи со тежок изборен пораз и казна од мнозинството граѓани“.

Слични содржини