Во пожарите во Калифорнија изгореле 600 куќи

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Најмалку 585 куќи и уште стотина други објекти изгореле во пожар што веќе со денови беснее во Калифорнија, властите на таа држава на западниот брег на САД прогласија вонредна состојба, а илјадници луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

позар

Во пожарите животот го загуби најмалку едно лице, а 13.000 луѓе се евакуирани. И натаму се загрозени околу 9.000 објекти во област на околу 80 км западно од Сакраменто.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани над 2.300 пожарникари, а четворица се повредени.

Пожарот изби во саботата попладне по локално време и се прошири во рок од неколку часа./МИА

Слични содржини