Во пресрет на утрешниот клучен ден, Заев попладнево имаше средба со германската амбасадорка

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнето се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Кристине Алтхаузер.

4907ad1a-cf93-4b9a-9914-36e020af405b

Тема на средбата беше спроведувањето на Договорот од Пржино и шансите за фер и слободни избори.

-Без прочистен Избирачки список и обезбедување механизми за професионално известување на медиумите не се можни фер и демократски избори, рече претседателот Заев.

На средбата е изразена согласност дека следните избори во Македонија мора да бидат слободни и фер, бидејки тоа ја дефинира иднината на граѓаните и државата. Претседателот Заев информираше и за скандалот со злупотребата на незаконски лични карти оd страна на власта во избори цели, што е силен аргумент дека се потребни цврсти гранции од институциите и пред се од Државната изборна комисија дека граѓаните на следните избори ќе гласаат според доверлив Избирачки список.

Слични содржини