Во Македонија времето ќе биде со мала до умерена облачност со сончеви периоди и со слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Попладне во западните и југозападните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност проследена со повремен пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а дневната од 25 до 30 степени.OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во Скопје претпладне ќе биде малку до умерено облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Утринската температура ќе биде 12, а дневната ќе достигне до 30 степени

Максималната дневна температура денеска ќе биде во Скопје 30, Тетово 29, Готивар 28, Маврово 19, Дебар 29, Крива Паланка 26, Виница 28, Штип и Куманово 29, Берово 25, Радовиш и Струмица 28, Гевгелија 30, Крушево 22, Охрид 25, Битола 28, Прилеп 27, Дојран и Кавадарци 29 .

И наредните денови продолжува периодот на топло, но нестабилно време проследено со локални врнежи од дожд кое ќе го имаме и наредните денови.

 

Слични содржини