Облачно со умерен југоисточен ветер на повисоките места и во јужниот дел од Повардарието, особено во Д. Капија. На повисоките места и понекаде на планинските превои има магла од ниската облачност.

скопје-панорама-7

ВРЕМЕТО ДЕНЕСПроменливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во јужните делови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен југоисточен ветер.

Највисоката дневна температурата ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.

 Во Скопје:Променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот:  53 Маврови Анови, 10 Лазарополе.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа  (во л/м2):2 Гевгелија, Битола, 1 Дојран, Претор, Д. Капија, Охрид.

 МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:0 Маврово, 1 Крушево, Лазарополе, 4 Берово, Кр. Паланка, 5 Прилеп, 6 Виница, Битола, Тетово, 7 Куманово, Струмица, Скопје Пет., Кавадарци, 8 Штип, Скопје, Д. Капија, Дојран, 9 Гевгелија.

 

 Времето Утре;

Утре ќе пре овладува променливо облачно и врнежливо време. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови од земјата. Во четврток ќе биде доста топло, но кон крајот на денот повторно со врнежи кои ќе се прошират од западните делови каде што ќе бидат пообилни, насекаде и ќе траат и во петок преку денот. Во сабота врнежите ќе се послаби, а во недела ќе биде променливо облачно.

 

 

Слични содржини