Раст на пензиите и социјална помош најави премиерот Никола Груевски. За власта ова е уште еден потег дека ги исполнуват ветувањата дадени на граѓаните, а за критичарите тоа е потег со кој се сака да се дефокусира јавноста од криминалот и аферите што излегуваат од „бомбите“ на опозицијата-анализара Ал сат.

0,,16802992_303,00

Според податоците на Министерството за труд и социјална политика во 2009 година, социјалната помош за едно четиричлено семејство изнесувала 4.600 денари, додека во 2014 изнесувала 5.173 денари. Односно, дневно во 2009 година секој член од семејството добивал по 38 денари, а во 2014 година дневно секој член од анализираното четиричлено семејство добивал по 43 денари. Или, тоа значи дека за пет години социјалната помош за едно четиричлено семејство на дневна основа е зголемено за пет денари. Целата анализа на оваа тема гледајте ја во „Економски магазин“ во 18.15

„Тие 9 % од популацијата во Македонија што живеат со околу 40 денари на ден, тие се пропаднат талент, кога тие би имале поголема социјална помош, тогаш тој нивен талент не би пропаднал, тогаш би имале повеќе научници, пејачи, спортисти. Така што не се согласувам дека зголемуваљњето на социјалната помош ќе резултура во буџет кој не е развоен. Напротив, зголемувањето на социјалната помош, ќе резултира во буџет кој е равоен, бидејќи така ќе се подобри човечкиот капитал. Потребно е драстично зголемување на социјалната помош“, вели Бранимир Јовановиќ, економски истражувач.

Извор: Ал сат

Слични содржини