Велигденските и првомајски празници ќе ги стават во мирување неколку дена протестите низ Македонија-информира РСЕ. Од движењето „Протестирам“ објаснија дека причината за паузата на демонстрациите е дека голем број од граѓаните ќе заминат во родните краишта и на краток одмор, но додаваат дека во меѓувреме ќе ги поддржат сите антирежимски акции и протести кои ќе се одржат во знак на борба за работничките права.

И претставниците на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) ќе ги ставаат во мирување своите активности се до завршувањето на верските празници. Александар Пандов вели дека по завршувањето на празниците ќе продолжат таму каде што застанеле.

Повеќе ТУКА

Слични содржини