Претседатели на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан,

zaev-han-540x320

По 40-минутниот разговор, Заев изјави дека се надева оти средбата со Хан ќе влијае на преговарачкиот процес и дека ќе ја забрза имплементацијата на договорот од Пржино.

„Со Хан направивме пресек на значајна фаза од преговарачкиот процес. Разговаравме за изборот на специјален јавен обвинител и законско решение. Му се заблагодаривме за огромната поддршка од ЕУ и нивните претставници. Најголем дел од времето потрошивме на следните фази од преговорите поврзани со избирачкиот список, изборниот законик, медиумите и реформите во судството. Драго ми е што ЕУ наметнува конкретни термини за реализација на договореното“, рече Заев.

– Драго ми е што ЕУ наметнува конкретни термини за реализација на договореното. Ние сметаме дека е подобро што побрзо да се реализира тоа што го дефиниравме – рече Заев по средбата, во која учествуваа и заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска и Генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски.

По него, Хан имаше средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, а пред малку на средба во ЕУ Инфо центарот влезе претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Хан попладнево  ќе има работен ручек со премиерот Никола Груевски, а потоа ќе присуствува на Политичкиот дијалог на високо ниво (ХЛАД) на кој ќе се разговара за реформите што треба да се спроведат и доцна попладне ќе одржи прес-конференција. Утре ќе ја посети Гевгелија со што и официјално ќе заврши неговата посета на земјава.

Слични содржини