Ќе видите во чии раце е правосудниот систем. Тројца луѓе местат обвинители и судии и потоа ги влечат за сопствени потреби и цели. Тоа се Никола Груевски, Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска.

Имале свои соработници во ДУИ, министерот за правда Блерим Беџети. Готвеле дури и одмазднички планови на несервилните соработници. Судски одлуки не се донесуваат туку се нарачуваат, рече денеска на прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Ова дрско самоволие буквално го срозило функционирањето на правниот систем и правната државата. Со право домашната и меѓународната јавност гласно и загрижено почнаа да зборуваат за состојбата во земјава. Со право ОБСЕ изрази вознемиреност за шокантни снимки и за уште пошокантни докази – рече Заев.

Слични содржини