Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, оствари средба со министерот за надворешни работи на Бугарија, Даниел Митов и бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Великов Петков со кого зборувале за актуелната политичка состојба во државава и односите меѓу двете земји.

????????????????????????????????????

„Се обидуваме низ разговори за создадеме услови за преговори што ќе доведат по мирен пат до решенија на длабоката политичка криза во Македонија. Во интерес на евро-перспективите на граѓаните и на државата, потребно е, за краток временски период, разговорите да резултираат со договор за повлекување на Груевски од премиерската позиција, најмалку 6 месеци пред формирањето на Владата што треба да ги организира и спроведе изборите, како што налагаат елементарните услови за фер и демократски избори“, изјави претседателот на СДСМ, Заев.

Слични содржини