Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното интервју на „Алсат М“ , , рече дека Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) само уредникот на „Сител“, Драган Павловиќ-Латас го прислушкувала повеќе од него. Очигледно е дека и неговите не му верувале вели Заев

20226golema

– Јас сум 48 месеци прислушкуван, од мене повеќе е следен само Латас – изјави Заев.

Како што информираше Заев долго време бил прислушкуван и експретседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, Љубе Бошкоски како и поранешниот прв човек на ЛДП, Јово Манасијевски.

Претседателот на СДСМ уште еднаш повтори дека на снимките коишто ги поседува и кои според него се дело на тајната полиција нема разговор само меѓу премиерот Никола Груевски и неговиот братучед и шеф на УБК, Сашо Мијалков. Тоа според Заев е доказ дека само нивните телефони не биле прислушкувани, меѓутоа сепак тие биле снимени кога зборувале со министрите и со другите функционери од власта. Заев уверува дека корисник на снимените разговори бил токму премиерот Никола Груевски.

Слични содржини