Три деца на сириски бегалци загинаа, а шестмина се здобиле со изгореници при пожар во бегалски камп во близина на турско-сириската граница, јави Анадолија.

n_97032_1

Агенцијата информира дека пожарот избувнал денеска во камп кој се наоѓа во близина на градот Дерик во округот Мардин, во кој се згрижени околу 20.000 бегалци.Причината за пожарот се уште не е утврдена. Децата кои загинале биле на возраст меѓу 3 и 8 години.  Турските медиуми потсетуваат, дека друго дете загина во камп минатата седмица за време на друг пожар, кој уништил 21 шатори.

Околу 2,7 милиони бегалци од Сирија заминаа во Турција, што ја направи оваа земја со најголем број бегалци во светот./МИА

Слични содржини