Основачот на екстремно десничарскиот Национален фронт Жан Мари Ле Пен денеска го поддржа контроверзниот претендент на американските избори, републиканецот Доналд Трамп.

pg-34-national-front-getty

– Да сум Американец, би гласал за Трамп, Господ нека го чува, напиша на Твитер 87-годишниот Ле Пен.

Ле Пен е познат по своите контроверзни ставови, а по спорот со ќерката Марин која сега ја води партијата, исклучен е од истата.

Тој во минатото изјавуваше оти расите не се еднакви, а во 2014 година рече дека еболата би можела да го реши проблемот со мигрантите за три месеци.

Слични содржини