Џенифер Лопез и Бен Афлек продаваат неверојатен замок на огромен имот за дури 42,5 милиони долари – погледнете што има!
Џенифер Лопез минатата година ја пронајде љубовта на својот живот, а наскоро ќе најде нов дом за себе, нејзиниот сопруг Бен Афлек и нивните деца! Раскошната палата на славната пејачка и актерка во Бел Ер моментално е на продажба, а на огласите е наведена цената од неверојатни 42,5 милиони долари.
Џеј Ло го продава својот луксузен дом од околу 1.000 метри квадратни, кој се наоѓа на околу осум декари имот, за да се всели во нов, пишува People. Таа ќе избере нов дом од соништата со својот сопруг, актерот Бен Афлек, со кој се омажи во тајност на интимна церемонија во Лос Анџелес.
Пејачката и актерот најпрво сакале да ја реновираат вилата, но сепак решиле да ја продадат. Нема ништо што не поседува и тоа е вистински рај за сите сетила, а најинтересно е што Џеј Ло одгледува органски зеленчук на имотот и има интимно езеро со песочна плажа. Вилата располага и со гостинска куќа опкружена со зеленило каде што можат максимално да уживаат.
Девет спални соби, тринаесет бањи, кино со 30 седишта, амфитеатар, теретана, базен, музичко студио, соба за масажа, два камини, библиотеки … сето ова е во сопственост на вилата на Џенифер Лопез!