🎥 Апсена поради марихуана, зависна од секс, дневникот на ќерката на Бајден открива низа скандали

од Milan1
400 прегледи

Пред неколку дена претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, се обрати пред учесниците на Демократската национална конвенција во Чикаго. Неговиот говор официјално го најави неговата ќерка Ешли Бајден, која воодушеви многумина со својата убавина и стајлинг.

Ешли му се обратила на својот татко со емотивни зборови, а кога излегол на сцената, емоциите го совладале по што заплакал и ја прегрнал.

„Мојот татко, вашиот 46-ти претседател – Џо Бајден“, со овие зборови Ешли го најавила својот татко.

Таа носела прекрасно бело одело со тесни панталони кои се шират во ногавиците и струкирано сако, а изгледот го надополнила со беж високи потпетици, накит и суптилна шминка која ја истакнала нејзината убавина.

Која е Ешли Бајден?

Ќерката на Џил и Џо Бајден, Ешли Бајден има 43 години, а јавноста во Америка, но и светот ја запозна кога нејзиниот татко беше потпретседател на САД, во администрацијата на Барак Обама.

Родена 10 години пред Џо Бајден за првпат да се кандидира за претседател, Ешли пораснала опкружена со политика и под будното око на нејзините браќа Хантер и Бо, кој почина од рак во 2015 година. Хантер и Бо се синовите на Бајден кои ги добил во бракот со Неилија, првата сопруга која загина во сообраќајна несреќа во 1972 година заедно со нивната ќерка Наоми.

Ешли е социјален работник, филантроп, активист и моден дизајнер.

Омажена за 14 години постар пластичен хирург, нејзиниот живот бил прилично турбулентен, особено ако се земе предвид дека била уапсена поради поседување дрога.

Како студентка Ешли била уапсена поради поседување марихуана, но не била осудена. Извештаите за нејзиното апсење се појавија во 2009 година кога еден нејзин „пријател“ се обидел да продаде снимка на медиумите на која наводно се гледа како Ешли зема кокаин на забава. Џо Бајден не ги коментираше овие извештаи.

Во 2002 година, Ешли беше уапсена поради попречување на полицијата пред бар во Чикаго. Ешли, која тогаш имала 21 година, била со група луѓе пред бар кога некој фрлил шише кон полицаец. Кога полицијата тргнала да уапси еден од нив, Ешли наводно им го попречила патот и им се заканувала. Обвиненијата подоцна беа отфрлени, а таа се извини на суд.

По инцидентот, ќерката на Бајден главно се држеше настрана од медиумите и се фокусираше на кариерата како социјален работник, а лансираше и хуманитарна модна линија која ја посвети на својот брат.

Афера дневник

Пред неколку години, дневникот на Ешли беше украден, а нејзините лични информации станаа јавни. Жената која го украла дневникот е осудена на затворска казна, а со тоа е потврдено дека дневникот е автентичен, и дека сè што стигнало до медиумите е вистина.

„Мојот личен приватен дневник беше украден и продаден за профит… Засекогаш ќе морам да се справувам со фактот дека мојот личен дневник може да се види на интернет“, напишала таа во писмото приложено до судот.

Дневникот е од 2019 година, кога Ешли одела на рехабилитација од дрога и алкохол, а пишувала и за своите трауматични искуства.

Се наведува и дека пишувало дека Ешли се туширала со својот татко на возраст кога тоа не било соодветно.

Ешли во својот дневник ги навела причините поради кои мисли дека е зависна од интимни односи, а признала и дека се лекувала од „сексуална траума“. Во еден пасус, таа пишува дека нејзината „хиперсексуализација“ поради слушање на нејзините родители додека имале секс“, пренесува „Дејли Мејли“.

Најпрвин медиумите ја оспоруваа автентичноста на дневникот и сè беше опишано како местенка, но судската одлука покажа дека дневникот е вистински.

Слични содржини