Драматична сцена е снимена во градот Аликанте на југоистокот на Шпанија, каде ѕидарот Фелипе Давид (29) спасил младо момче со аутизам.
Се започнало кога случајни минувачи забележале момче како виси на терасата од вториот кат на зградата. Го молеле да се врати во станот, повикале помош, но залудно.
Викотниците ги слушнал храбар ѕидар по потекло од Бразил, кој преку прозорецот се качил на симовите, а потоа внимателно дошол до малиот и го вратил во станот.
„Работев во близина и слушнав бучава. Погледнав нагоре и видов едно момче. Не се двоумев, веднаш тргнав да го спасам“, рекол тој.
Додека Фелипе се приближувал до детето, минувачите и соседите ставиле перници на земја за да го ублажат евентуалниот пад.
Подоцна било утврдено дека 7-годишното момче со аутизам успеало да го отвори прозорецот и да излезе на терасата, пренесува Телеграф.
Неговиот татко, видно вознемирен, излегол од куќата за да му изрази длабока благодарност на ѕидарот за неговата храбра постапка.