🎥 Изгоре јахта на турски милионер вредна 16 милиони евра

од Milan1
100 прегледи

Јахта во сопственост на турски милионер потона откако се запалил моторот додека пловела во близина на плажата Лидо дел Соле во близина на Олбија на Сардинија.

Сопственик на јахтата „Атина“ е ко-основачот на турската компанија за испорака “Getir”, Серкан Боранчили. Во моментот на пожарот на бродот бил и тој со семејството. Во моментот на пожарот на јахтата се наоѓале вкупно осум лица. Јахтата ја користеле 15 луѓе, а седум ја напуштиле пред да избие пожарот, додека останатите осум биле успешно евакуирани. Никој не бил повреден.

На видеото кое го објави крајбрежната стража може да се види дека пожарот ја зафатил крмата, од каде што се проширил низ целиот брод.

Јахтата е изградена во 2008 година, а веќе следната година освоила награда на Светското шоу за суперјахти. Турскиот милионер ја купил во 2021 година за околу 12 милиони фунти (16 милиони евра), а потоа била пренаменета за чартер пловење во турското бродоградилиште.

Неделното изнајмување на оваа „убавица“ во летната сезона чини од 220.000 евра плус трошоци, а можеше да прими 10 гости и 11 членови на екипажот.

Слични содржини